Работна средба за проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“

Министерството за образование и наука преку Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, во соработка со Детската Фондација Песталоци и Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во општина Струмица како една од десетте пилот општини во проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“, реализираа работна средба поврзана со прашања поврзани со вклучувањето на децата што се надвор од училиштата и обезбедување на соодветна поддршка за нивна интеграција во образовниот систем.  Во фокус групите учествуваа стручни соработници од општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Никола Вапцаров“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, претставник од Центарот за социјална работа од Струмица, овластениот просветен инспектор во општина Струмица, претставник од Државниот просветен инспекторат и претставници од НВО Центар на заедницата на општина Струмица.

 1 (2)

На работната средба беше разговарано за практични искуства во идентификацијата на децата кои се надвор од образовниот систем и беа споделени податоци со кои располагаат училиштата, Центарот за социјална работа и просветните инспектори, а посебно беа разгледани и податоците од извршената теренска анкета од страна на НВО Центар на заедницата на општина Струмица, чии претставници во претходниот период посетија над четириесеттина семејства и домови на територијата на село Банско и градот Струмица обезбедувајќи податоци за деца кои од различни причини не посетуваат редовна настава во основно или средно училиште.

 2 (2)

Проектот продолжува со наредната фаза, во која според претставникот од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ќе се обезбедат соодветни услови за вклучување во образовниот систем на одреден број деца кои досега не биле запишани или пак го напуштиле основното образование во претходните пет години.

Comments are closed.

maski1