Повторно се разбудивте уморни? Еве го решението за вашиот проблем:

Во животот сите ние минуваме низ такви периоди кога константно се чувствуваме уморни. Природно е во таа состојба да опадне интересот за задоволство и веселба. Не сме во можност да се препуштиме на животните задоволства и радости. Се будиме ненаспиени, го започнуваме денот уморни, тешко се сконцентрираме на секојдневните обврски и не сме во состојба да уживаме во слободното време. Истовремето, стануваме доста раздразливи. За некои луѓе, оваа непосакувана состојба може да премине во хронична, долготрајна или пак, трајна. Доколку трае долго и интензивно, може да предизвика сериозни психички и здравствени нарушувања почнувајќи од главоболка и мигрена до чир на желудникот.

tired-worker

Докторите ги препорачуваат следниве совети за избегнување на уморот:

-          Не се излежувајте наутро долго во креветот. Така станувате уште поуморни. Веднаш штом се разбудите станете и бидете активни.

-          Наутро најпрвин истуширајте се врела вода, а потоа со студена. Тоа ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ја стимулира телесната активност. Потоа добро се истријте со крпа или четка, секогаш масирајќи се во правец на срцето. По туширањето, повежбајте пет минути пред отворен прозорец. Во текот на денот се препорачува 30-минутно пливање, трчање или возење велосипед.

-          Вечерната купка во врела вода со додавање на етерични масла ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да ја зголемите вашата отпорност. Практикувајте и други техники против стрес како на пример јога, медитација, пилатес. Ако сте во можност, посетете сауна еднаш неделно. Промената на топло-ладна вода го чисти вашиот организам.

-          Доручкувајте, па дури и ако не сте гладни. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно доручкуваат се чуствуваат физички и ментално подобро од оние кои го прескокнуваат овој оброк.

-          Не се прејадувајте. Преобилните оброци не се добри за нивото на енергија, бидејќи на организмот му треба повеќе време да ги свари.

-          Пијте многу вода. Водата е најпроцентуално застапена во крвта и останатите телесни течности. Дури и мала дехидрација може да биде штетна затоа што предизвикува гушење на крвта, со тоа форсирајќи го срцето да работи со побрзо темпо.

tired_person 2

 

Comments are closed.

1