„Паркиралишта Струмица“ обнови над две илјади метри квадратни хоризонтална сигнализација

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ продолжува со обновувањето на хоризонталната сигнализација во градот. Од претпријатието информираа дека од планираните седум илјади метри квадратни за оваа 2017 година, досега обележани се 2.424 метри квадратни хоризонтална сигнализација. Обележувањето ги опфаќа пешачките премини, разделните и осовинските линии, паркинг местата во централното градско подрачје, пред основните и средните училишта, градинките и во периферните делови на градот. 2 (1)

Comments are closed.

maski1