Струмичка кујна – Татлии

Еден од најубавите струмички десерти, покрај баклавата, сигурно е Татлиита. 2015-05-09_15-55-10_s

Од најстари времиња се правела со пресно сирење, не со кисело млеко.
Кога ќе се појавело младото сирење на пролет, затоа што старото привршувало, веднаш се правела татлиита.
Се започнувало на Прочка, тогаш секоја куќа правела татлии. А потоа кој можел да си дозволи, се правела и преку годината.
Денес традицијата продолжува, се прави за Прочка и преку цела година.
Во лето, изладена во фрижидер, има посебен вкус.
Состојки :
4 јајца
1 чаен филџан шеќер
600 гр. пресно сирење
1 чаен филџан зејтин
1 чаен филџан гриз
1 пециво
2 чајни филџани брашно
1 ванила
За шербет
1кг шеќер
 вода колку да се залие шеќерот
 1 лимон
 1 ванила
Постапка
1.За да биде поровита, јајцата се матат одделно.
2.Во изматените жолчки се додаваат состојките и на крај изматените белки, но многу внимателно треба да се меша.
3.Се става во намастен плех и се пече на 200 степени околу 1 час.
4.Се вади, се оладува малку и се сече.
5.Се прави шербетот и се полива постепено.
6.Се враќа во рерната 10 минути.
7.Се сервира ладна.
Колку повеќе стои татлиита, толку е поубава. А погодена ви е ако е убаво исцрвена одозгора и одоздола, а во средина жолта како килибар. Не треба да е многу висока, но сепак тоа зависи и од плехот.
Добар апетит!

 2015-05-09_19-47-42_s 2015-05-09_19-48-53_s 2015-05-09_19-50-08_s

Пишува: Весна Рохр -Со љубов, за вас

Comments are closed.

maski1