Диета со банана и млеко

Оваа диета ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми и слободно да го облечете вашиот нов фустан. 
Диетата со банана и млеко е еден од најдобрите начини како да се ослободите од вишокот на килокрами. Диетата се практикува 3 до 4 дена и после тоа ќе видите неверојатни резултати.

Диетата со банана и млеко се базира на намалени калории и при тоа нема негативни последици за организмот. Се консумираат 2 до 3 банани со чаша безмасно млеко за секој оброк. Постојат одредени флексибилности, па така можете бананите да ги конзумирате пред или после млекото, а можете да направите и вкусен шејк. И уште една многу важна точка – потребно е да пиете многу вода за време на диетата.
hitportal-banana1
Доколку правилно се придружувате кон онаа што е пропишано за самата диета, можете да изгубите вишок на масти во организмот. Во овој период ќе внесувате помалку од 1000 калории на ден, и на тој начин ќе можете на брз и сигурен начин да се ослободите од вишокот на килограми.

Малку математика

Секоја банана содржи околу 100 калории, додека една чаша млеко содржи околу 80 калории, што значи дека со три оброци на ден, вие внесувате околу 900 калории.

18989golema
Позитивни страни на диетата со банана и млеко

Општо е познато дека бананите се многу хранливо овошје, богато со витамини и минерали. Особено богато со калиум (една банана содржи околу 422 мг), што е многу важно за нормално функционирање на организмот. Исто така, бананата е богата и со влакна (една банана содржи околу 3г.) кои му помагаат на телото да се ослободи од акумулираните токсини, и покрај тоа дава чувство на ситост. Тие се многу вкусни и лесно се консумираат.

Некои мерки на претпазливост

Оваа диета може да ја практикува секој кој сака да се ослободи од вишокот килограми за кратко време. Сепак, треба да се има на ум на следниве работи:

На почетокот може да се чувствува слабост поради намалените калории, што е привремено, а доколку не можете да издржете, може да консумирате еден нормален оброк во текот на денот. Но, обидете се да го намалите внесот на масти со тој оброк.

Оваа диета не се препорачува на жените за време на менструалниот циклус, бидејќи доаѓа до намалување на некои минерали како железо, цинк, бакар и некои витамини, а се многу потреби за време на циклусот. Но, доколку ја држите диетата за време на овие денови, тогаш треба да земете суплементи од овие минерали и витамини.

Не смее да се држи диетата повеќе од четири дена, со цел да се избегне недостатокот на некои од виталните елементи за организмот. Во текот на овие четири дена треба да изгубите околу четири килограми телесна тежина. Доколку сакате да изгубите повеќе, тогаш треба да направите пауза од најмалку една недела и повторно да го започнете процесот од почеток, како што веќе погоре појаснивме.

Comments are closed.

maski1