Како да заштедиме пари за 52 недели?

Ако безуспешно се обидувате да заштедите пари за нов лаптоп, паметен мобилен или пак за некој друг гаџет или добар шопинг, а притоа не сте успеале да заштедите доволно, тогаш веднаш применете го овој интересен начин на заштеда.

Принципот е следен. Годината има 52 недели, во теклата која што сте ја спремиле за вашата заштена, внесете пари (евро, долар, денари или некоја друга валута), според бројо на неделата. Пример: доколку е прва недела тогаш внесете едно евро (или друга сума, колку што сте во можност), доколку е втора недела тогаш внесете две евра, три, четири, и така се до 52та недела.

Kesanac

На крајот вие во вашата тегла треба да имате заштедено 1378 евра, што не е мала сума.

За да започнете успешно да заштедувате пари, потребно ви е една поголема тегла и табела на која треба да ги испишите сите 52 недели, и сумите колку што ќе заштедувате од недела во недела (како што е прикажано на сликата).

Секоја недела, кога во теглата ќе ставите пари, со пенкало ја прешкртувате истата недела, што значи вие сте ја извршиле вашата задача за тековната недела.

Comments are closed.

maski1