Турново сезоната ја заврши на четвртото место

Екипата на Хоризонт Турново сезоната ја заврши на четвртото место во Втората македонска фудбалска лига со вкупно 36 освоени бодови.

Турновци оваа сезона забележаа 9 победи, девет ремиа и 9 порази, при што постигнале 37 погодоци, а примиле 29.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016

Турново ја пропушти можноста за третата позиција, каде преку бараж ќе имаше можност да се врати во Првата лига. Баражот годинава ќе го игра Новаци, клуб кој во финалето за влез во Првата лига ќе игра против седмопласираниот од Првата лига, а тоа е клубот Шкупи.

Првиот натпревар од баражот за влез во Првата лига или за опстанок во Првата лига ќе се одигра на 4 јуни, додека реваншот е закажан за седми јуни.

Comments are closed.

maski1