Македонија доби нов Премиер – струмичанец

Новиот Премиер е токму од Струмица. Поранешниот градоначалник, Зоран Заев денеска го доби мандатот за Премиер на Македонија.

Македонија доби реформска влада, чија главна задача е да го врати животот за сите во Македонија, изјави Заев по изборот за премиер. Тој вети дека новата влада ќе работи во интерес на сите граѓани и за доброто на земјата. Заев очекува и конструктувна поддршка од опозицијата. Новата влада, рече тој, има поддршка од опозицијата, затоа што следуваат процеси на реформи.vlada-zaev-777x437

„Следуваат судски реформи, на реформа на парламентот, на тајните служби, на медиумите, на институциите, се надевам дека ќе бидам доволно флексибилен и со разбирање за идната опозиција, затоа што Македонија има потреба сплотеност, единство и заедничко делување за да испорачаме добар квалитет по еден брз реформски процес“, изјави Заев.

Comments are closed.

maski1