Одржана седница на Советот на oпштина Струмица – симулација

Во организација на Здружението за локална демократија – Центар на заедницата на општина Струмица, денес во салата на Советот на општина Струмица, се одржа симулација на седница на Советот на општина Струмица, во која учество зедоа ученици од втора и трета година од четирите струмички средни училишта. На овој настан свои поздравни обраќања имаа, доскорешниот в.д. градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и доскорешниот претседател на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

18740162_1310827965637297_1001915890581954219_n
Обраќајќи им се на ученицие – учесници во симулацијата, Костадинов меѓу другото истакна: „…ја имав честа и задоволството да бидам и член на Советот на општина Струмица, но во последните месеци и Вршител на должноста – градоначалик на општина Струмица, имајќи ја среќата да го заменам најуспешниот градоначалник во историјата на Струмица, Зоран Заев. Ме радува што и Вие денес, ќе ја имате можноста, преку оваа симулација, да го почуствувате значењето на овие функции, но и да се запознаете со начинот на функционирање на една седница на Советот“.18740453_1310827972303963_4663709944121299668_n
Јосиф Христов пак, во своето поздравно обраќање истакна: „…Со тоа ќе придонесете за потполно остварување на целите на симулацијата, а тоа се: запознавање со функциите, улогите и работата на градоначалникот, претседателот на Советот и на советниците, и процесот на донесување одлуки на локално ниво, како и со облиците со кои граѓаните непосредно учествуваат во одлучувањето, за прашања, потреби и проекти кои се од витално значење за зголемување на квалитетот на нивното живеење и развојот на општината“.18813658_1310828098970617_6814675426283945109_n
Инаку, оваа успешно спроведена активност е дел од проект на Центарот на заедницата на општина Струмица, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.18813680_1310828095637284_9205998103815543235_n 18813680_1310828342303926_6697486990083695019_n 18813897_1310828552303905_5485796942221385202_n

Comments are closed.

Capture