Афоризми на струмичанецот Костадин Устапетров, дел 2

ДОЛГ АФОРИЗАМ

kostadin

 

- Најдолго живеат оние, кои најдолго се жалат на животот.

 

ЗДРАВСТВЕН АФОРИЗАМ
- Им благодариме што не фрлија во калта. Се излекувавме.

- Владата гладните ги храни преку телевизија.
Со рецепти за готвење.

 

- Најголемо мито и корупција законски – субвенција.

 

- Старците ги пикнаа в затвор, се плашат од вампири.

Секоја вечер ги сонуваат.

 

- Кариерата ми е во подем.
Жената ме унапреди од пратеник во дедо на копче.

 

- Обезбедување имаат само посерковците – со пелени.

 

- И афористичарите се членови на партија
- за исправање криви Дрини.

 

- Портпарол: Тетка која озборува други тетки.

 

- После посета на Балканот, Данте го напиша Пеколот.

 

- Ако е Балканот крстосница,
како може да се живее убаво на крстосница?!

 

 

 

 

 

Comments are closed.

maski1