Турново против Тиквеш, Пандевци против Скопје во последното коло од Втора лига

Денес со почеток од 16:30 часот ќе се одигра последното 27. коло од Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2016/2017.

Академија Пандев денес на домашен терен силите ќе ги одмери против второпласираниот Скопје. Пандевци се фаворити на овој натпревар подари подобрата игра и поради тоа што играт на домашен терен и пред своја публика.

Akademija Pandev - Turnovo 25.03.2017 -3

Првата нивна меѓусебна пресметка заврши со резултат од 2:0 за Пандевци, додека втората со 3:2 за Скопје.

Без разлика на денешниот резултат од овој натпревар Академија Пандев е шампион во Втората лига и нов прволигаш, додека Скопје сезоната ќе ја заврши како втор и од следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига.

Турново во Кавадарци ќе го одигра својот последен натправар за оваа сезона со што доколку победи сезоната со сигурност ќе ја заврши како четври на табелата, доколку Турново загуби, а притоа Еуромилк слави во Неготинов против Вардар, тогаш Турновци ќе бидат петти на табелата, доколку Еуромилк ремизира тогаш Турново ќе биде четври повторно, и во случај на пораз.

Вчера се одигра натпреварот помеѓу Велазерими и Новаци каде гостите со 2:3 победија во последниот нивен натпревар. Новаци сезоната ја заврши на третото место и ќе игра бараж со осмопласираниот од Првата лига за влез во Прва лига.

Моментално во Првата лига на осмата позиција е Шкупи кој има 36 бода, додека Победа со 38 бода е на седмата позиција на две кола пред крајот на сезоната.

 

 

Comments are closed.

maski1