Тиверија сезоната ја заврши на 11-тото место во Третата лига – Исток

Тиверија ова сезона ја заврши на долниот дел од табелата во Третата лига – Исток, поточно на 11-тото место со вкупно 24 освоени бодови. Во последното 30. коло во кое Тиверија на домашен терен загуби минимално од Работник Џумајлија со 0:1 ја пропушти можноста да се искачи на 10-тото место на табелата, со што сезоната ќе ја завршеше како десетта.

Tiverija - Kit Go vo Pehchevo

Фановите на овој клуб очекуваа дека Тиверија ќе финишираше на некое од местата од средниот дел на табелата, но за жал тоа не се случи. Клубот одигра доста слаба сезона, а тоа се потврди и со нивните одигра натпревари.

Тиверија оваа сезона забележа 7 победи, три ремиа и дури 17 порази. Фудбалерите на овој клуб постигнале 27 погодоци, а примиле дури 63 погодоци.

Колку за потсетување Тиверија во сезоната 2013/2014 се натпреваруваше во Втората македонска фудбалска лига и тогаш сезоната ја заврши на 10-тото место со 41 освоен бод. Во таа сезона во Втората лига шампион беше Силекс, а како второпласиран клуб беше Тетекс.

Останува да видиме дали Тиверија од следната сезона ќе ја подобри својата игра, и ќе очекуваме да се наметне како клуб кој што претендира за влез во Втората лига.

 

Comments are closed.

maski1