Реакција на општина Струмица на лажните информации за „наводни поплави“ во Струмица

Општина Струмица е згрозена од лажните информации за „наводни поплави“ кои се шират на социјалните мрежи и дел од порталите, па дури и се ставаат фотографии од други места и се пласираат невистини. 18671156_1306871409366286_3554506374246025697_n
Срамно е на таков подмолен начин да се собираат ефтини поени и да се продава „новинарство“ на јавноста. Сите кои се „загрижени“ за Струмица нека дојдат и нека ја видат вистината.
Општина Струмица од секогаш знаела да ги користи своите капацитети и сама да се справува со вакви и слични веременски неприлики. Општинските институции уште од вчера попладне излегоа на терен, таму беа и денеска и интервенираа каде што имаше потреба и по барања од граѓаните. 18699761_1306871422699618_5612487695773301578_n
Штети досега нема пријавено, тоа само потврдува дека Општината успешно се справува со обилните врнежи од дожд, за разлика од другите општини каде што веќе се евидентирани штети во училишните и други објекти.
Фотографиите се доказ како изгледа најкритичниот дел во Струмица по врнежите од дожд и како работат општинските претпријатија и служби

Comments are closed.

1