Василево сезоната ја заврши како осмопласиран

Фудбалскиот клуб Василево ова сезона заврши на осмото место на табелата со 31 освоен бод. Клубот од Василево сезоната забележа 10 победи, четири ремиа и 13 порази.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Фудбалерите на овој клуб постигнаа 40 погодоци, а примија 63 погодоци.

Во последното 30. коло Василево ја имаше една од најубеливи победи оваа сезона, откако со 7:2 на домашен терен буквално ја декласираше Слога од Виница, клуб кој сезоната ја заврши на 12-тото место на табелата во Третата лига – Исток со вкупно 24 освоени бодови.

Фановите на Василево очекуваат дека од следната сезона нивниот омилен клуб ќе претендира за влез во Втората лига.

Comments are closed.

maski1