Состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот функционира непречено

По обилните дождови кои го зафатија нашиот град во текот на изминатото деноноќие, состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот работи непречено.

11705819_837120339674731_6768355619558194661_oОбилни дождови кои достигнаа до 71 литар на метар квадратен воден талог според УХМР, предизвикаа количината на вода од централното градско подрачје да се собере на најниската точка, а тоа е подземниот паркинг. Од јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираа дека заради квалитетно изведената атмосферска канализација и активноста на трите водени пумпи во подземниот паркинг кои непречено работеа и ја прифатија целокупната количина на вода, ситуацијата во паркингот се врати во нормала за помалку од еден час.

Comments are closed.

maski1