Се одржа традиционалниот натпревар во пинг – понг за ученици од основните и средните училишта

По повод  Денот на македонските просветители  Светите Кирил и Методиј  и 25 Мај  – патрон на основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, по шести пат се одржа отворен турнир во пинг – понг. На турнирот учествуваа ученици од   основните  и средни училишта  од општина Струмица, а најдобри резултати постигнаа следните ученици:

1 (25)

- Во категорија средни училишта  прво место освои ученикот Далистан Мустафов од  СОУ „Никола Карев“, второ  место освои ученикот Христијан Митев од СОУ „Димитар Влахов“ и трето место освои Филип Митев од СОУ „Никола Карев“.

 

-        – Во  категорија  основни училишта – женски, првото место го освои   Добрина – Хаџи Тосева од ООУ „Никола Вапцаров“, второто место го освои Ивана Иванова од ООУ „Никола Вапцаров“ и третото место го освои Ангела Атанасова  од ООУ „Видое Подгорец“.

-         2 (12)

-        – Во категорија основни училишта – машки, првото место го освои  Кенан Асанов од ООУ „Маршал  Тито“ од Струмица, второто место го освои  Иван Ѓоргиев  од ООУ „Никола Вапцаров“ и третото место го освои Петар Мудинов од ООУ „Маршал Тито “ од Струмица.

-        Овој традиционален натпревар во пинг – понг се одржа со поддршка од општина Струмица.

Comments are closed.

maski1