Трибина „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ во Струмица

Во Струмица  се одржа јавна трибина на тема „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, наменета за идните средношколци кои може оваа програма да ја изучуваат во СОУ „Никола Карев“ како едно од петте пилот училишта во кои ќе се имплементира проектот во Македонија.

18698756_1283604975083837_622386988_oВо Република Македонија се јавува недостаток на квалификувана работна сила со која би се реализирале стандардите за енергетска ефикасност пропишани во правилникот за енергетски карактеристики на зградите и се јавува како предуслов за успешно имплементирање на Европската директива за енергетска ефикасност, велат експертите.

– Од една страна, додека градежниот сектор е во експанзија, интересот на учениците за средните стручни училишта е низок, а од друга страна, висок процент на матурантите од стручните училишта се запишуваат на факултет. Се зголемува бројот на високоплатени дефицитарни професии. Со тоа секоја година се зголемува јазот помеѓу побарувачката и понудата на квалификуван кадар. Програмата е начин да се поттикнат учениците да стекнат знаење од областа на енергетеската ефикасност, како многу атрактивна професија за која нема лиценцирани и обучени кадри, вели експертот Антонио Јовановски.18698902_1283605008417167_942868437_o

Наставниците од средното стручно училиште СОУ Никола Карев –Струмица (Марија Мучева, Елена Симевска и Зоран Петков ) од трите струки: електротехничка градежно-геодетска, машинска и струка заедно со конслултанти експерти ја изработиле програмата за слобони часови по енергетска ефикасност.

– Наставата за слободни часови ги покрива основните поими за енергетска ефикасност преку теми релевантни за секоја струка, со посебен фокус на практичниот дел. Средношколците ќе може од трета година да ја изберат оваа програма, која во четврта година е дел од факултативната настава за енергетска ефикасност, вели Јовановски.

Според него, во координација и комуникација со Центарот за стручно образование и обука, доколку програмата се покаже како успешна и има доволно заинтересирани ученици, ќе биде воведена и во останатите 42 средни стручни училишта на ниво на Македонија.

Од септември програмата за енергетска ефикасност ќе се спроведува во средните стручни училишта во Струмица, Скопје, Прилеп, Битола и во Гостивар.

Јавната трибина ја организираa ЕД Планетум и ЗГ Новус- Струмица, како дел од проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, финансиран од Европската унија, а во реализација на Здружението „Гоу Грин“ Скопје.

 

извор: Новус

Comments are closed.

Capture