Беласица шампион во Третата лига – Исток

Беласица е новиот шампион во Третата фудбалска лига – Исток откако сезоната ја заврши на првото место со 73 освоени бодови.

Фудбалерите на Беласица оваа сезона забележаа 24 победи, едно реми и два порази, при што постигнале 126 погодоци што ги прави најефективни во Третата лига – Исток, а примиле само 14 со што заедно со Плачковица од Радовиш ја имаат најдобрата одбрана.

Belasica Shampion 2016-17

Беласица од следната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.

Од Струмица покрај Беласица во Втората лига ќе се натпреварува и Хоризонт Турново, кој минатата сезона ја напушти Првата лига, а оваа сезона не успеа во самиот финиш од сезоната да се избори за третата позиција во Втората лига, со што преку бараж би можеле да се вратат во „елитното друштво“.

Видео од доделувањето на шампионскиот пехар

Comments are closed.

maski1