Турново на гостување кај Тиквеш

Екипата на Хоризонт Турново во сабота гостува во Кавадарци каде ќе го одигра натпреварот од 27. коло од Втората лига против деветтопласираниот Тиквеш.

Натпревар во кој домаќините ќе го дадат својот максимум како би можеле сезоната да ја завршат на осмата позиција, а во случај на реми на натпреварот помеѓу Металург и Тетекс, тогаш Тиквеш сезоната ќе ја заврши и на седмата позиција.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo

Овие две екипи имаат два меѓусебни дуели од кој првиот завршил со победа за Турново во Кавадарци со резултат од 0:2, додека вториот одигран на „Кукуш“ на 8. март завршил со победа од 1:2 за Тиквеш.

Турново доколку победи во сабота сезоната ќе ја заврши на четврото место на табелата, но доколку ремизира или загуби, а притоа Еуромилк во Неготино победи тогаш, Турновци сезоната ќе ја завршат на петтата позиција.

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот.

 

Comments are closed.

maski1