Соборна црква “Свети Кирил и Методиј” – сите убавини и обележја на Струмица

Соборната црква “Свети Кирил и Методиј” се наоѓа во стариот дел на градот Струмица и преставува едно од обележјата на православјето на овие простори. Црквата е двоолтарна, а својот денешен изглед го добила во 1905 година.


Долниот олтар е подрумски и посветен е на Св. 15 тивериополски свештеномаченици.
Долната црква отпочнала да се гради во 1750 г. од струмичкиот владика Паисиј, а завршена е за десет години.
Иконостасот е изработен од дабово дрво и овде се наоѓаат моштите на Св.Василиј Велики и Св. Теофан Начертани.

91_big
Во долната црква се наоѓа гробот на егзархискиот митрополит, Герасим, кој е иницијатор на изградбата на горната црква, која е посветена на Св. Кирил и Методиј. Тој успеал да изнајде средства од светогорскиот манастир “Св. Панталејмон”, кој е руски манастир, па одовде е и рускиот изглед на црквата. Иконостасот во овој дел е изработен од липа од страна на мајсторот на дебарската школа Нестор Алексиев во 1935 година. Иконописот го изработиле зографите Григориј Пецанов од Струмица, Гаврил Атанасов од Берово и Д.А. Папрадишки, а имало и други анонимни автори.

MDSVKiriliMetodij-Strumicacrkvi6MDSVKiriliMetodij-Strumicacrkvi3

Comments are closed.

maski1