Денес се прославуваат сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј

Денеска 24 мај православните верници ги празнуваат сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј кои се посебно важни за словенските народи.kiril-i-metodij

Тие се родени во Солун, во деветтиот век, во познато византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане монах се викал Константин ги поминал сите степени на тогашната наука.

Брат му, пак, бил управник на една област во струмичко. Двајцата имале неколку мисии, што се опишани во Панонски легенди, двајцата биле монаси.

За Словените се важни не само затоа што им ја дадоа азбуката, туку и затоа што ги доведоа пред вратите на вистинската просвета.

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заенички празник на 24 и на 11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Денеска именден празнуваат: Кирил, Киро, Методиј, Мето.

Comments are closed.

Capture