Пандевци со убедлива победа над Новаци

Екипата на Академија Пандев го прегази тимот на Новаци на гостински терен во натпревар од 26. коло од Втората македонска фудбалска лига со резултат од 2:5.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Пандевци уште еднаш ја потврдија својата доминација, а со тоа и најавуваат дека и во Првата лига ќе се борат за некое од погорните места на табелата.

Новаци иако беше декласиран сепак сезоната ќе ја заврши на третото место, место кое преку бараж води во Првата лига.

Академијата сега со 65 бода е на првото место, додека Новаци е на третата позиција со 42 бода.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен игра против второпласиранито Скопје, додека Новаци гостува во Кичево кај Велазерими.

Comments are closed.

maski1