Струмичанки повеќе изнајмуваат отколку што купуваат венчаници

„Ако невестата оди со свекорот да купува венчаница, сигурно ќе помине подобро. Тие се подарежливи, секогаш се трудат да и угодат на снаата, повеќе отколку свекрвата.

Свекрвите се повеќе ,,стегнати’’ бидејќи ако не потрошат многу пари за венчаница мислат дека даваат добар пример како домаќинка. Барем такво искуство имам јас во Струмица’’ – кажува продавачката Нада, која со продажба и изнајмување на венчаници се занимава повеќе од дваесет години.

ielts zoki f 014_1200x800

Кажува дека струмичанките не се пребирливи многу како купувачи. Во главно доаѓаат со јасна цел каков фустан сакаат да има за еден од најважните моменти во животот. Венчаницата ја бираат спрема своите пропорции. Оние кои се високи, витки, најчесто бараат прилепени, наречени риба-облик венчаници, додека оние малку пополнети невести бараат нешто пошироко, на пример принцес моделите.

Земено во обзир дека во свадбениот фустан ќе поминат само неколку часа, идните млади најчесто размислуваат практично и изнајмуваат венчаници за што издвојуваат од 3000 – 5000 денари. Меѓутоа, постојат и оние кои имаат желба венчаницата да ја зачуват како спомен па се одлучуваат за купување. Цената зависи од кој материјал е направена, а најскапите се оние кои се во целост направени од чипка и чинат околу 500 евра.

 

Невестите – струмичанките не сакаат да носат премногу детали на себе на денот кога ќе го изговорат судбоносното ,,Да!’’. Најчесто како украси бираат цветови во косата, шешир и ракавици, додека ретко која се одлучува за круна.  Исто така, струмичанки не се суеверени дека е лошо ако младоженецот ги види во венчаница пред бракот, затоа и како партнер во купувањето ги водат и своите момчиња – идните младоженци, но и сестрите, золвите, свекрвите, мајките.

2

,,Во Струмица доаѓаат и од другите градови да купуваат. Така и ги научив различните обичаи. Во Струмица обичај е невестата венчаницата да ја добие од мајката, исто е и во Гевгелија, додека во Радовиш и Берово обичајот е свадбениот фустан да го купи свекрвата.’’

Свадбените прослави најбројни се во текот на летниот период, во јули и август, додека најретки околу божиќниот пост, во декември и јануари. Прославите не се раскошни како што некогаш беа. Денеска повеќе се сведува на потесен круг од роднини и пријатели, а Нада како причина за тоа наведува:

,,Секако дека проблемот е во економската криза, но во нашата гранка мислам дека не е тоа најголемиот чинител. Мислам дека поголем проблем е тоа што младите ја напуштаат земјата и е се помал бројот на склучени бракови поради тоа.’’ – заклучува таа.

 

Comments are closed.

maski1