Афоризми на Ристо Филчевски, дел 2

Патам од несоница. Легнат сум на рамото на власта.

 

Презимето му почнува со ЛАВ, а нема поголема хиена од него.

 

Фудбалската  топка е округла. Се истражува квадратурата на голот.

 

Казано спортски – низ животот трчаме патека со препреки.

 

Секоја современа македонска приказна започнува како – бајка.

 

Не бараме љубов од политичарите,

ама сакаме да не задоволат.

 

Никој не станал сит јадејќи ќотек.

 

Посраните гаќи не ги пере ниту чистиот образ.

 

Европа не влече за нос. Ни ги брише мрсулите.

 

Comments are closed.

Capture