Хоризонт Турново против Вардар Неготино

Екипата на Хоризонт Турново во натпревар од 26. коло од Втората македонска фудбалска лига силите ќе ги одмери против Вардар од Неготино на домашен терен.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Турновци на „Кукуш“ ќе се обидат да дојдат до својата деветта сезонска победа со што би имале можност да се искачат на четвртото место доколку Еуромилк загуби дома од Велазерими.

Вардар Неготино е на деветтата позиција и доколку победи би бил исто бодови како и Тиквеш кој е на осмата позиција, во случај клуб од Кавадарци да загуби од Тетекс на гостински терен.

Натпреварот се игра утре со почеток од 16:30 часот.

 

Comments are closed.

maski1