Реализирана обука за следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата со примена на индикатори

Во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка на општина Струмица преку Општинскиот совет за БСП, за претставници од општините кои се во надлежност на регионот на МВР-СВР Струмица, во просториите на Домот на АРМ, се одржа обука за примена на индикаторите за следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата. 18486001_1300842539969173_978904654341261748_nСпоред презентираните методи за мерење на најважните индикатори за безбедноста во сообраќајот, општината има важен удел особено во мерењето на показателите кои се однесуваат на патната мрежа и обележаните пешачки премини, како се користат во дневни и ноќни услови, какво влијание има врз пешаците и како тие се однесуваат како категорија во сообраќајот. Мерења ќе се вршат и на индикатори кои се однесуваат на возачите, на брзината на возење, на возилата и употребата на заштитните системи во возилата.
Како претставници од општина Струмица, на обуката присуствуваа стручни лица од одделението за инспекциски работи во патниот сообраќај, локалните патишта и улици, одделението за комунални работи и општинскиот совет за БСП од Струмица.18581680_1300842536635840_8558734700159377275_n 18519889_1300842533302507_627914225706428915_n

Comments are closed.

maski1