Првопласираната Академија Пандев која од следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, утре гостува кај Новаци во натпревар од 26. коло од Втората лига.
Натпреварот е без резултатско значење бидејќи Академија Пандев има недостижни 12 бодови предност пред второпласираниот Скопје, додека пак Новаци има предност од 8 бодови пред Еуромилк кој е четврти на табелата.
Пандевци официјално ќе играат од следната сезона во „елитното друштво“, а Новаци со сигурност ќе го играат баражот за влез во Првата лига. Баражот ќе го играат со осмопласираната екипа од Првата лига, а во моментот тоа е Шкупи.
Натпреварот се игра утре со почеток од 16:30 часот.
Comments are closed.