Здружението НОВУС бара мотивирани и посветени млади лица како волонтери

Здружението НОВУС бара мотивирани и посветени млади лица да се вклучат во реализација на проектни активности и тоа:

18575099_10212020374531892_876126731_o- Комуникација со институции и организации

- Асистирање во организирање на настани

- Поддршка во вршење истражувања и анализи

- Следење на тековни медиумски објави/настани

- Подготовка на информативни материјали

- Други тековни активности од работењето на здружението

Со ова, волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации, фондации и институции меѓу кои и Европската унија, организација на настани, консултации со засегнати страни и спроведување истражувања и анализи.

Заинтересираните кандидати треба да изразат интерес со испраќање мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на zdruzenienovus@gmail.com заклучно со 31.05.2017 г. Кандидатите ќе бидат известени за конечната одлука по електронска пошта.

Comments are closed.

Capture