Денес на стадионот Младост се игра Купот на Македонија помеѓу Шкендија и Пелистер

Денес со почеток од 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одигра финалето од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу екипите на Шкендија и Пелистер.

Stadion Mladost Strumica

Шкендија е бранител на тронот, и ќе го дадат својот максимум за спас на сезоната откако ја изгубија битката со Вардар во трката за шампионската титула во Првата лига.

Битолчани, по цели 16 години посакуваат повторно да го освојат Купот на Македонија. Пелистер прв и единствен пат го има подигнато пехарот во далечната 2001 година.

Comments are closed.

maski1