Моја, твоја, наша Струмица – нешто за нас

Под притисокот на сегашноста, Струмица опстојува и се бори. Се бори и совладува одредени пречки што ги носат промените. Граѓаните некогаш се едногласни, а некогаш поделени во своето мислење, но на сите ним едно им е заедничко: тие се жители на овој град и го љубат со сета своја сила.strumica

Струмица е дом на околу 35 000 жители, а заедно со жителите на околината и нивните миграции кон градот, овој број секојдневно расте. Зошто да се биде во Струмица? Одговорот е едноставен: затоа што Струмица нуди, а не бара за возврат. Струмица нуди перспектива која е насочена кон личен и професионален развој; кон обединување, кон можности и надминување на разликите.strumica4-610x400

Како Струмица го прави тоа? Струмица тоа го прави преку извршување на својата должност спрема граѓаните. А зошто го прави тоа? За да продолжи да живее и векува и понатаму; за да посведочи и за следните времиња што ќе наидат и за следните генерации што ќе дојдат. А ако ова звучи како реклама за овој град, па зошто да не?!16167golema

Еве, повелете, дојдете во Струмица; станете Струмичанец и пробајте си ја среќата зашто среќа е да бидеш од Струмица! Затоа граѓани и сограѓани, имајте убав ден и продолжете да бидете дел од приказната за Струмица…66_big

Comments are closed.

maski1