Село Турново – рај за љубителите на добар фудбал

Село Турново се наоѓа во рамничарскиот дел на Струмичката котлина на надморска височина од 210 метри.

turnovo

За името на селото има три легенди. Првата, името на селото го поврзува со дамнешното минато кога атарот на селото бил исполнет со вода и бил блато. Ѓаколската вода била богата со риби од кои што најмногу ја имало рибата штука која што уште била нарекувана и „турна”. Рибарите оваа риба претежно ја ловеле во летните месеци кога таа излегувала во плитките води а потоа уловената риба ја ставале во каци и ја сушеле за да им се најде за храна во зимските месеци. Народната легенда вели дека од изобилството на рибата турна, блатото било наречено „Турново”. Подоцна и населбата која што била основана на тоа одводнето земјиште била наречена „Турново”.

Според втората легенда, пак, во селото порано имало многу бодливи растенија (трни). Од месноста обрасната со трње било изведено името „Турново”.

Третата легенда, името на селото го поврзува со името на реката Турија која тече покрај селото и се влива во реката Струмица.

turnovo (1)

Со текот на годините селото бележи напредок како во инфраструктура така и во бројот на население. Денес село Турново е рурален рај за љубителите на добриот фудбал кој секој вљубеник на во најважната споредна работа на светот задолжително треба да го посети.

horizont-turnovo-za-sampion

Comments are closed.

maski1