Пандевци со сигурна победа против Еуромилк

Фудбалерите на Академија Пандев продолжија со својата доминација и ја остварија својата 20-та сезонска победа, откако со 2:0 на домашен терен го победија Еуромилк во натпревар од 25. коло од Втората лига.

Akademija Pandev - Turnovo 25.03.2017 -2

Пандевци ја оправдаа својата фаворитска улога и сега имаат 62 бода и се наоѓаат на лидерската позиција.

Клубот од Горно Лисиче со 34 бода останува на четвртото место, а оваа прилика не ја искористи Турново, кој загуби во Кичево, како би можел да се искачи на четвртото место.

Во следното коло Академија Пандев гостува кај Новаци, додека Еуромилк е домаќин на Еуромилк.

 

Comments are closed.

maski1