Напредок со 10 примини погодоци се врати од Пехчево

Фудбалерите на Напредок од Радово со резултат од 10:0 беа поразени од Кит-Го во натпревар од 28. коло од Третата лига – Исток.

12933120_1057237147675843_883108414818443493_n

Клубот од Пехчево со оваа убедлива победа е петти на табелата и има 4 бода негатива во однос на четвропласираната Саса која денес минимално со 0:1 славеше над Осогово во Кочани.

Напредок Радово со 33 бода останува на седмата позиција.

Во следното коло Напредок Радово на домашен терен игра против Малеш од Берово, додека Кит-Го е слободен.

Comments are closed.

Capture