Турново на гостување кај Велазерими

Хоризонт Турново денес му гостува на Велазерими во Кичево во натпревар од 25. коло од Втората лига.

Турново ги изгуби надежите за третата позиција со што можеше преку бараж да се врати во Првата лига, па така Турновци ќе ги гледаме и следната сезона во Втората лига. Клубот од Турново останува во игра само за четвртата позиција.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016

Велазерими е на шесттата позиција и во случај на пораз, а победа на Металург на домашен терен над Тиквеш Кавадарци, тогаш клубот од Кичево ќе се сели на седмата позиција, додека Металург ќе биде на шесттата позиција.

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот.

 

Comments are closed.

Capture