Пандевци во дерби дуел против Еуромилк

Фудбалерите на Академија Пандев и Еуромилк денес го играат дерби мечот во рамките на 25. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Пандевци во овој натпревар влегуваат како фаворити, пред се поради далеку подобрата игра, тоа што играа на домашен терен и пред своја публика. Академијата и официјално е новиот прволигаш, но иако тој примат и првата позиција им се обезбедени, продолжува со својата максимална доминација.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017 3

Клубот од Горно Лисиче се наоѓа на четвртото место на табелата со 34 бода и има негатива од 8 бода во однос на третопласираниот Новаци.

Новаци има тешко гостување кај второпласираниот Новаци кои игра во одлична форма, а нивната бодовна разлика изнесува 5 бода. Фудбалерите на Новаци на три кола пред крајот имаат реални шанси да ја освојат и втората позиција како би можеле директно да влезат во „елитното друштво“. Во случај на пораз на Новаци од Скопје, а победа на Еуромилк над Академија Пандев, тогаш клубот од Горно Лисиче ќе биде повторно четври но со негатива од пет бода и ќе биде во игра за третото место, кое преку бараж води во Првата лига.

Натпреварот се игра денес со почеток од 16:30 часот.

Comments are closed.

maski1