Напредок Радово гостува во Пехчево

Екипата на Напредок од Радово утре гостува во Пехчево каде ќе ги одмери силите против Кит-Го во натпревар од 28. коло од Третата лига – Исток.

14492326_1774642732792658_4793781991047781631_n

Кит-Го во овој натпревар е фаворит подари подобрата игра, но и поради тоа што игра на домашен терен и пред своја публика. Клубот од Пехчево во досегашниот дел од сезоната има остварено 15 победи, три ремиа и осум порази и со вкупно 48 освоени бодови се на петтата позиција и се во сериозна трка за четвртото место на табелата, бидејќи бодовната разлика е 4 бода на три кола пред крајот.

Напредок од Радово е на седмата позиција со 33 бодови. Овој клуб во досегашната сезона има забележано 11 победи и 13 порази.

Натпреварот утре се игра со почеток од 16:30 часот.

Comments are closed.

maski1