Костадинов организираше прием за одбојкарските шампионите на ОК „Струмица“

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, организираше прием за играчите и менаџерскиот тим на одбојкарскиот клуб „Струмица“ кој пред неколку дена ја освои шампионската титула во домашното првенство. Во опуштена и пријателска атмосфера се разговараше за освоената титула, за континуираната финансиска поддршка од општина Струмица и за понатамошните планови на  на клубот. Костадинов од името на општината им врачи вредносен ваучер од 300 илјади денари, а одбојкарите му подарија дрес.

1 (22)-Струмица беше и остана спортски град, но во овој наш спортски град деновиве се докажа дека одбојката е спорт број еден. Најзаслужни за тоа се одбојкарите од ОК „Струмица“ кои најпрво го освоија купот на Македонија, а потоа сосема заслужено ја освоија и шампионската титула. Денеска на овој прием јас им честитав на одбојкарите, секако со надеж и искрена желба  дека и понатаму ќе ги постигнуваат тие успеси. Мораме да кажеме дека општина Струмица финансиски го поддржува одбојкарскиот клуб „Струмица“ како и сите други спортски клубови во нашата општина, а она што би сакал да им порачам и на другите спортски клубови е да ги следат успесите на одбојкарите од ОК „Струмица“ и да ги закитуваат своите клубови со многубројни трофеи, рече Костадинов.3 (11)

Од името на клубот за поддршката од општина Струмица се заблагодари тренерот на ОК „Струмица“, Кире Ричлиев.

-Се заблагодаруваме за сите овие поддршки, не само од финансиски аспект, туку и од морален и ние од ОК „Струмица“ ветуваме дека во иднина не само што ќе ги освојуваме овие титули, туку и ќе ја пријавиме екипата и во некој од европските купови, а за неколку недели играме финале на младинското првенство и на кадетското и веруваме дека ќе му донесеме уште две титули на овој град, рече Ричлиев.10 (5) 8 (2)

Comments are closed.

maski1