Костадинов присуствуваше на комеморативната седница по повод смртта на Зоран Маџиров

Општина Струмица му оддаде последна почит на светски познатиот музичар, перкусионистот Зоран Маџиров од Струмица. На комеморативната седница која што се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ присуствуваа и сочувство на семејството му изразија вршителот на должноста градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот. На комеморацијата беше прочитана телеграмата со сочувство до семејството на Маџиров која што ја испрати в.д градоначалникот Костадинов:18342612_1291273350926092_4114881461224719302_n 18403140_1291273354259425_2785455123440042812_n

„Со неверување и чувство на голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот син, сопруг и татко, Зоран Маџиров. Преголема е Вашата болка за огромната загубата, но ако заеднички се повикаме на мудроста која вели дека споделената болка е помала болка, тогаш имајте во предвид дека со Вас тагува цела Струмица и цела Македонија. Зоран Маџиров беше исклучително чесен и вреден сограѓанин кој не ја криеше својата огромна љубов кон родната Струмица. Таа Струмица се гордееше со него, бидејќи како вонсериски музички талент, беше врвен репрезент на струмичката и македонската музика и култура во европски и светски рамки. Зоран ќе остане запаметен како врвен перкусионист кој ја пленеше публиката низ сите светски меридијани. Зоран Маџиров е еден од оние кои докажуваат дека големите уметници остануваат бесмртни, дека тие живеат и по нивната смрт. Бидете горди што беше дел од Вас и што бевте дел од него“, стои во телеграмата.18342655_1291273064259454_3308420084060291963_n

Телеграма со сочувство испрати и поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.
Зоран Маџиров е погребан попладнево на гробиштата во Струмица.18403140_1291273354259425_2785455123440042812_n

Comments are closed.

Capture