Ќе се гради кружен тек кај Жито Струмица

Проблемот со сообраќајниот метеж на крстосницата на булеварите „Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“ кај Жито Струмица ќе биде решен. Општина Струмица интензивно работеше на решавањето на овој проблем во изминатите неколку месеци и по сите добиени согласности од надлежните органи и изработката на проектот, во завршна фаза се активностите за започнување со изградбата на кружниот тек. Овој градежен зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица и со него полесно ќе се регулира сообраќајот на патнички и товарни моторни возила на една од пофреквентните крстосници во градот.1 (24) 4 (13)

Comments are closed.

Capture