Општина Струмица го одбележа 9 мај меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Општина Струмица денеска го одбележа 9 мај меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. На пригодната свеченост која што се одржа пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк, за значењето на празникот зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.18301090_1289446221108805_4211120703222470132_n

-Денес Македонија, Европа и светот се исправени простум пред 9.Мај, денот кој тежи повеќе од сите останати, денот кој е онолку голем, колку што е голема победата над едно незапамтено зло. Тоа е ден кој впечатливо треба да биде врежан во меморијата на сите луѓе кои имаат слободарска и прогресивна перцепција на животот. Минатото, сегашноста и иднината треба и мора да бидат во нераскинлива врска. Минатото, сегашноста и иднината мора да суштествуваат во хармонично едногласие . Робувањето на еден историски период на сметка на друг е само чекорење во еден правец. Затоа треба да ги почитуваме настаните и луѓето кои испишале значајни страници од нашата, европската и светската историја, но искуствата кои произлегуваат од тие страници треба да бидат појдовна точка во креирањето на нашето заедничко утре. Минатото свршено време не треба да биде време на заборавот, но времето идно секако треба да биде императив за сите сегашни и идни генерации. Должна почит кон денот денешен ни наложува да се присетиме на напишаните редови за 9. мај. Па така мора да се знае дека на денешен ден пред 72 години, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествувале 61 земја со над две милијарди жители или 96 отсто од светското население.18301143_1289446351108792_6994003564787220013_n
Кога го одбележуваме 9. Мај – Денот на победата над фашизмот, тоа треба да го правиме со дигнитет но и со зеадничка желба, фашистичкото зло од Втората светска војна никогаш повеќе да не се повтори, никогаш повеќе да нема крвопролевања, страдања , разрушени домови и изгубени млади животи.
И кога го живееме ова време исполнето со турбулентни настани, поделби, омрази и национализми, мора да го имаме на ум минатото, за да извлечеме поуки од него. Нови војни и повампирување на фашизмот не ни се потребни. Оние што постоеја нека останат во историјата, за да ни бидат лекции за ужасите од минатото, за да ни бидат предупредување во скицирањето на иднината, рече Костадинов.18301585_1289446261108801_7057286957132772268_n

Тој ја предводеше делегацијата на општина Струмица која во чест на загинатите борци положи свежо цвеќе пред споменикот, а цвеќе положија и претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците, политички партии, здруженија на граѓани и јавни институции, а рецитатори од домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.18301746_1289445937775500_5098694668616282823_n 18341782_1289446251108802_4116474509533242925_n 18425157_1289445944442166_6682964366466493559_n

Comments are closed.

Capture