Тиверија зариба во Македонска Каменица

Екипата на Тиверија го доживеа својот 15-ти сезонски пораз во Третата лига – Исток, откако на гостувањето во Македонска Каменица со 5:0 беше прегазена од Саса во натпревар од 26. коло.

12933120_1057237147675843_883108414818443493_n

Саса ја оправда фаворитската улога која ја имаше поради далеку подобрата форма од струмичкиот клуб со 5 гола на натпреварот.

Клубот од Македонска Каменица ја задржува четвртата позиција со 52 освоени бодови, додека Тиверија е на 11-тата позиција со 21 освоен бод.

Во следното коло Тиверија на домашен терен игра против Плачковица, каде радовишани се апсолутни фавороти, додека Саса има тежок дерби дуел против Осогово на градскиот стадион во Кочани.

 

Comments are closed.

Capture