Напредок Радово го доби дуелот против Василево

Екипата на Напредок Радово го доби дерби дуелот против Василев во рамките на 26. коло од Третата лига – Исток.

Напредок Радово ја искористи предноста што игра на домашен терен и го совлада Василев со 3:1.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

За клубот од Радово оваа беше 11-та сезонска победа, додека за Василево 13-тиот сезонски пораз.

Напредок ја задржува седмата позиција на табелата со 33 бода, и сега има предност од 5 бода, додека Василево е осми со 5 бода негатива.

Во следното коло Василево е слободен, додека Напредок Радово гостува во Пехчево кај Кит-Го, тим кој моментално е пласиран на петтото место на табелата со 48 бодови и ќе биде фаворит поради подобрата игра и амбициите за четвртата позиција кои се реални.

Comments are closed.

POP