Денес се игра дербито помеѓу Турново и Академија Пандев

Денес на „Кукуш“ ќе се одигра дерби натпреварот од 24. коло од Втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев.

За Академија Пандев овој натпревар нема големо значење, бидејќи веќе го обезбедија првото место во Втората лига, но исто така го обезбедија и прволигашскиот статус.

Турново ќе игра со својот максимум и му е потребна победа како би останале во игра за третото место на табелата во Втората лига, и преку бараж да се вратат во „елитното друштво“.

Akademija-Pandev-Turnovo-25.03.2017-2

Турново на последниот натпревар со 1:3 ја победи Академијата, додека првиот натпревар од оваа сезона заврши со резултат од 0:1 во полза на Пандевци.

Во однос на табелата, Турново е на петтото место со 33 бода и во случај на победа над Пандевци би можеле да се искачат на четвртото место со 36 бодови и би имале негатива од 3 бода во однос на Новаци кој и понатаму ќе биде на третото место со 39 бодови, доколку загуби од Металург, но доколку победи тогаш би имале 42 бода и би имале 6 бода преднос во однос на Турново.

Натпреварот се игра денес со почеток од 16 часот.

 

Comments are closed.

Capture