Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 14

 

394355_2262582123737_753793970_n

Изгубената доверба е како изгубен калауз. Ниедна врата повеќе нема да можеш да отвориш.

 

Оние коишто спијат по цел ден, сигурно сонуваат како да се збогатат преку ноќ.

 

Се’ тече, се’ се ме, само (бедата во) Македонија е вечна.

 

Откако човек еднаш ќе си го покаже вистинското лице, илјада маски повеќе не ќе можат да му го сокријат.

 

Онаа што е далеку од умот, обично е близу до срцето.

 

Не е точно дека сите чаеви на Баба Рада се гола вода. Има некои со рум.

 

Откако некој/а ќе ти прирасне за срце, значи дека веќе имаш срцева слабост.

 

Од секој можеш да научиш нешто. Од некој -како треба, од друг – како не треба.

 

Опијаните од љубов најчесто мамурлакот го добиват во бракот.

 

Синоќа посакав Мара да ја разголам до последно влакно. Предоцна, некој друг вчера веќе ја беше депилирал.

 

Comments are closed.

Capture