СТРУМИЧАНИ ВО СТРАНСТВО – Васил Атанасов

Некои одбрале да бидат поблиску до татковината и новиот живот го започнале во европските земји. Некои патиштата ги однеле преку океанот, во далечната Америка и уште подалечната Австралија. Оние најхрабрите се упатиле и на ,,другиот крај на светот” – Нов Зеланд.

Со сигурност, струмичани се ресеани по целиот свет… Ова се нивните приказни и дел од животот во странство…

418404_421603777901655_823857884_nФолк пејачот Васил Атанасов во Германија живее скоро две децении. Пред заминувањето во странство, работел како наставник по музичко образование во основното училиште во Вељуса. И во странство продолжил да се занимава со музиката…

 Зошто одлучивте да живеете во Германија?

Имав добра работа и добар живот во Струмица, настапував скоро секоја вечер по локалите. Но, не знам, можеби судбината ме донесе овде во Германија и се уште не можам да си одговарам самиот на себе – дали згрешив што дојдов тука или така требаше да биде? Во секој случај, се излажав поради визата што ја добив за стален престој во Германија.

10944922_867370499991645_1970940246_n

Македонска прослава…

Дали пеењето Ви е единствена професија?

Како професионален музичар работев и кај нас во Македонија, и овде во Германија. Мојот телефонски број го знаат скоро сите Македонци кои живеет овде, па ме канат да им пеам на прослави,свадби, крштевки… Музиката ми е единствената професија и ја работам од срце, секогаш ми е во прв план. На второто место доаѓа работата по фирмите која како обврска мора да ја испочитувам спрема државата во која живеам.

Како Македонците се дружат во Германија? Организирате ли заеднички средби?

Дружењето со Македонците во Германија е неизбежно. Сите ние сме дојдени со една мисла – побргу да заработиме и да се вратиме дома. За разлика од Македонците во Австралија кои се собираат скоро секоја недела на пикник, ние овде тоа го правиме обично кога има некој фудбалски натпревар или кога на некој е именден, роденден… Нашите средби се секогаш срдечни и убави.

10949834_867388609989834_2050378221_n

Македонска дружба на фудбалски натпревар

Професионално се занимавате со пеење. Колку чести се македонските свадби во Германија?

Не се баш чести. Младите тука повеќе се одлучуваат да живеат заедно во вонбрачна заедница. Но, се разбира, има и такви кои сакат љубовта да ја крунисат со брак, но се во помал број.

Се обидуваат ли младите да го сочуваат својот идентитет почитувајќи ги свадбените адети?

Кога е свадбата чисто македонска, тогаш нема разлика дали е свадбата овде во Германија или во Македонија. Сите адети се толкуваат исто како кај нас.

Често пати свирам и на свадби на мешани бракови кога Македонци го одбрале брачниот другар од Србија, Грција, Турција, Италија или Германија. Тогаш има разлика во толкувањето на другите адети. На такви свадби јас повеќе ги презентирам нашите македонски песни и ора.

10945503_867387359989959_1072041913_n

Велигден, Православна црква во Штутгарт

Во туѓината што Македоците најмногу сакат да слушат од музиката?

Најчесто се слушаат патриотски македонски песни, особено кај младите генерации, како и новокомпонираните песни. Освен мојата легендарна „Кој не раздели?’’, која сеуште е популарна кај постарите а и кај младите, посебно место заземаат „Туга си бескрајно’’, „Не кани ме“ , „Штом ноќта помине’’, „Твоите очи, Лено’’…

10951486_867179550010740_1828118218_n

Струмица ми е во срцето…

Доаѓате ли често во Струмица?

Струмица ми во срцето и кога не сум таму, Го сакам мојот град и мојата убава Струмица. Со душа чекам да дојде наредното лето да се видам со сите мои роднини, другари, колеги и пријатели. Да ја запееме сите заедно нашата струмичка химна „Во Струмица на улица’’ и да им кажам на сите дека – нигде не е како дома! А до тогаш, бидете ми поздравени сите мои сограѓани и останете ми со здравје.

Comments are closed.

Capture