Екипата на ООУ „Видое Подгорец“ го освои второто место на државното првенство во кошарка

На државното првенство во кошарка за основни училишта, екипата на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освои второто место. Младите кошаркари од ова училиште покажаа извонредна игра пред полните трибини и во прекрасната атмосфера во спортската сала „Парк“ во Струмица и само за еден бод во продолженијата изгубија од ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово кое го освои првото место, а третото место го освои ООУ „Ѓорѓи Пулевски“ од Скопје.18222295_1285042128215881_3704580536559408942_n 18301354_1285042124882548_3181714695581244313_n

Comments are closed.

Capture