АРХИВА: Рок Цветков, струмичанец со холивудска приказна

Рок Цветков го напуштил родното село Сушица пред 34 години и отишол за „подобар живот’’ во Словенија. Една случајна несреќа од детинството ја предодредила неговата животна професија. Уште како дете паднал од минаре на една џамија, но се приземјил неповреден и сфатил дека вакви нешта може пак да проба во животот.

Станал еден од ретките каскадери на стара Југославија, а денеска е мајстор за каскадерски трикови и нивно изведување во најопасните ситуации.  Соработувал со многу познати имиња од Холивуд: Арлонд Шварценегер, Џеки Чен, Мел Гибсон, Роби Вилијамс, Наоми Вотс, Стивен Спилберг, Леонардо Дикаприо…

10430046_597851190328572_3059319258838597866_n

Интересно е Вашето име Рок…

Моето право име е Ристо, но кога се отселив во странство, сите ме викааа Рик, Рики, Роки. Кога се оженив, жената ми рече – „Нема да бидеш ни Рики, ни Роки, ќе бидеш Рок!’’. И бидејќи никој не ме знаеше како Ристо, во 1988 година го променив во Рок.

 

10341546_568917073221984_798946335285695633_n

На кои каскадерски сцени сте најгорди досега?

Најголем успех ми се каскадерските сцени од пред триесет години кога беше популарен Џеки Чен, Чак  Норис… Тогаш работивме вистински каскадерски сцени и на тие сум најгорд – пад од 50, 70 метри.Тогаш работивме вистински. Каскадерството денес не е она што некогаш беше. Сега се започнува каскадата, а ја завршува компјутер. Не можам да гледам вакви филмови со разни спајдрмени, супермени… то за мене ни се филмови.

735046_324218011025226_2029331308_n

Постои ли некое холивудско лице кое на Вас е оставило посебен впечаток?

Најдобар впечаток ми остави Пирс Броснан и Џорџ Клуни. Кога соработувавме, сфатив дека  Клуни е една нормална и друштвена личност. Не сакаше да има свој апартман,  се дружеше со нас, игра кошарка, фудбал. Драга ми е и Џенифер Анистон, работевме заедно на една реклама. Со неа можеш да се шегуваш цел ден и никогаш да не видиш дека е навредена или лута.

Дали некој, можеби,  Ве има разочарано?

Не ја поднесувам Никол Кидман. Не сакаше да снима во Македонија, рече дека е несигурна држава.

423060_186402528140109_282784382_n

Сигурно имате многу интересни анегдоти со снимањата?

Кога почнав да работам, не знаев англиски, а ни ден – денес го не знам добро. Кога снимав во Хонгконг требаше да скокам од хеликоптер. Хеликоптерот се дигна и требаше да ми се даде знак да се запалам и  фрлам. Стојев на врата и чекав. Еден снимател  одозгота даде знак на друг каскадер да се симне пониско, и овој му одговри „Ок!’’. Мислив дека на мене ми даде знак, се запалив и се фрлив доле. Среќа  сцената беше снимена.

381780_117243628389333_2030249677_n

Дали некогаш сте имале желба да се преселите во Холивуд?

Никогаш, иако имав можност. Не одговара ми амерканскиот менталитет. Порано би се вратил во Македонија, него да живеам во Холивуд.

 

 

 

Comments are closed.

Capture