Турновци против Пандевци

Екипата на Хоризонт Турново на „Кукуш“ во натпревар од 24. коло од Втората лига ќе ги одмери силите против првопласираната Академија Пандев.

За Турново овој натпревар ќе биде тежок но и многу важен. Победата им е важна за да може да останат во игра за третото место, како би можеле да играат бараж за влез во Првата лига.

Akademija Pandev - Turnovo 25.03.2017 -2

Потсетуваме дека на последниот натпревар одигран помеѓу овие две екипи, Турново со 1:3 ја победи екипата на Академија Пандев.

Турново со 33 бода е на е на петтото место на табелата, и доколку победи ќе има 36 бода, и би се искачиле на четвртото место на табелата во случај Еуромилк да загуби дома од второпласираниот Скопје.

Новаци е фаворит во натпреварот против Металург, па така се очекува на овој натпревар домаќините да освојат нови 3 бода и да се зацврстат на третата позиција.

 

Comments are closed.

Capture