Напредок против Василево во Радово

Екпата на Напредок од Радово во недела ќе ги одмери силите против Василево во натпревар од 27. коло од Третата лига – Исток.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Екипите се со изедначени сили, и ќе гледаме интересен дуел. Клубот од Радово моментално е на седмата позиција со 30 освоени бодови, додека Василево е на осмата позиција со два бода помалку.

Во случај на победа на фудбалерите на Напредок, тие ќе го осигурат седмото место, во случај на победа на Василево, тогаш овие фудбалери ќе се искачат на седмото место, со еден бод повеќе во однос на клубот од Радово.

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот.

Comments are closed.