Тиверија со реми против Слога од Виница

Тиверија на домашен терен одигра нерешено (0:0) против Слога од Виница. Струмичкиот клуб не успеа да ја оствари својата седма сезонска победа и да остане во игра за десеттото место на табелата, а воедно и да ја зголеми бодовната разлика во однос на Рудар кој сега со 20 бода е на 12-тото место.

17757319_1378431152203079_6937875429752439833_n

Слога и покрај овој бод останува на 14-тото место со 18 бодови исто колку што има и Работник кој е место погоре.

Во следното коло Тиверија гостува во Македонска Каменица кај Саса, додека Слога е домаќин во Виница на Осогово од Кочани.

Comments are closed.

Capture